Од утре раст на дневните темпратури

Од:

Пораст на дневните температури што ќе достигнат и до 20 степени најавуваат од утре метеоролозите.

Од УХМР информираат дека до петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот.

Дневната температура ќе се движи утре од седум до 14 степени, во среда од четири до 11, во четврток од седум до 14, петок од 13 до 20, сабота од девет до 16 и недела од пет до 11 степени. Утринската температура утре ќе биде се уште ниска и под нулата и ќе се спушти до минус осум, од среда во некои делови ќе се заджи под нулата и ќе се движи од минус три до четири степени, во четврток од минус шест до три, во петок од минус пет до еден степен, во сабота од минус два до четири и во недела од минус еден до четири степени.

Би можело да ве интересира

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

Нивото на Вардар во Скопје, Велес и во Демир Капија уште е високо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нивото на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија трипати повисоко од просекот

Катерина Ѓуровски

УХМР: Нестабилно со врнежи од дожд, силен ветер и заладување

Ана Ололовска

Сончево со мала, а попладне умерена облачност

А1он

Утре променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег

А1он