Од утре пренасочување на пешаците на Камен мост

Од:

Од утре изутрина на локацијата помеѓу Камениот мост и црквата „Св. Димитрија“ кај поранешната зграда на Министерство за транспорт и врски, поради завршната фаза на изградбата на плоштадот „Карпошово востание“, ќе се врши пренасочување на пешачкото движење на потезите во двете насоки:

Камени мост до црквата „Св. Димитрија“, Камени мост до стара Чаршија и Камени мост до Банките.

Ова времено преградување и пренасочување на пешачкото движење ќе трае од еден до два месеци.

Од општина Центар апелираат граѓаните да се придржуваат на режимот на движење за да не би се создале непожелни настани, со што би била загрозена нечија безбедност или би се успорувала динамиката на завршување на градежните работи.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан