Од утре поднесување барања за уверение за државјанство во одделението и отсеците за управни работи

Од:

Граѓаните од утре ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните во овој период од годинава, МВР информира дека од утре (12.07.2017) во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, освен фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање, граѓаните ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР