Од утре почнува увидот во Избирачкиот список

Од:

Од утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија во пресрет на локалните избори закажани за 24 март.

Како што соопшти Државната изборна комисија, увидот ќе трае до 9 февруари, а гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден во периодот од 8:30 до 19:00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.

ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари оваа година извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата заради проверка и впишување во Избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид.

Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.

Гласачите проверката можат да ја вршат и по електронски пат преку веб-страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот Избирачки список.

Би можело да ве интересира

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори