Од утре најавен штрајк на судската администрација

Од:

Судската администрација од утре повторно го активира штрајкот со цел да се исполни нивното барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства.

Штрајкот ќе се одвива во судовите и ќе се работат само итните предмети, а во извесен период од денот судските службеници ќе штрајкуваат пред судовите.

Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејаноски и претседателот на Здружението за судска администрација Борче Мирчевски денеска на прес-конференција истакнаа дека штрајкот ќе трае се додека не се исполни нивното барање.

– До денеска Министерството за финансии нема постапено по препораката на Владата и затоа штрајкот продолжува од утре. Ги повикувам надлежните уште од утре повторно да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин како нашето барање да се исполни со потпишување спогодба која ќе ги обврзува двете договорени страни, рече Дејаноски.

Судската администрација првично најави дека ќе штрајкува на 3 мај, но одлуката за штрајк беше одложена поради тоа што беше донесена одлука за обезбедување финансиски средства за зголемување на надоместоци и додатоци на вработените во судовите. Со одлуката му се препорачуваше на Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за таа намена.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО