ОБНОВЕНО: АБ под клуч, Бојо ја продава телевизијата

Од:

Телевизијата АБ уште вечерва почна да зрачи црн екран со натпис дека Бојо Андревски ја продава телевизијата. Во огласот стои повик до сите заинтересирани да ги достават понудите за купување на АБ телевизија.

Инаку Советот за радио-дифузија, претходно најави, дека телевизијата има ненамирени обврски.

Соочен со финансиски проблеми, Андревски, кој најавуваше дека ќе направи најгледата телевизија, отпушти голем дел од вработените, и телевизијата функционираше со 30-тина вработени.

Тоа требаше да биде се до продавањето на телевизијата. Андревски имал неколку разговори , но не успеал да се договори за цената на продавање.

АБ телевизија, минатата година, кога А1 емитуваше програма во живо од пред Владата  во знак на револт поради упадот и намерата власта да ја затвори, постави паралелен шатор и извесен период во живо емитуваше вести. Објаснувањето и беџовите кои ги делеа беа дека и ним Велија им должел пари.

Бојо Андрески е коалициски партнер на Груевски и е сопственик на Европскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми