Од среда најавен штрајк на судската администрација

Од:

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација денеска најавија дека ќе го актуелизираат штрајкот кој ќе се одржи од среда до петок.

Во среда и четврток штрајкот ќе се одржува во работно време, а во периодот од 10 до 11 часот судските службеници своето незадоволство ќе го искажат пред судовите. Во петок ќе биде организиран протест кој ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе заврши пред Владата.

– Штрајкот ќе се одржува внатре во судовите, во холот или во некоја заедничка просторија во судовите. Согласно законите, ќе се обезбедуваат минимум непречено извршување на функциите на судот и на институциите, односно оние постапки што се со времена мерка, притвор, постапки со странски елемент, обезбедување докази и тестамент ќе се одржуваат, шалтер салите ќе работат за прием на нови тужби и поднесоци, а сите останати функции ќе бидат ставени во мирување, истакна на прес-конференција Трпе Дејановски, секретар на УПОЗ и претседател на Штрајкувачкот одбор.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација бараат измени на Законот за судска служба и зголемување на платите на судските службеници.

На 3 декември беше организиран предупредувачки штрајк по што почнаа преговорите меѓу синдикатот и Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски