Од соба во соба мобилизираат студенти за протест за буџетот

Од:

Студентските домови во Скопје, повторно се упоришта на партиски активизам. Непознати лица, одат од соба во соба во студентските домови и мобилизираат студенти за утрешниот протест во 12 часот пред Собранието, за донесување на буџетот, објави Плусинфо.

Како што дознаваме од лица сместени во домовите, посетителите со себе носат список на кој ги запишуваат генералиите на студентите и нивниот телефонски број и им најавуваат дека ќе има организиран бесплатен превоз.

Не е јасно од чиј буџет ќе биде платен тој превоз.

Веројатно се работи за протестот кој денеска го најави новоформираниот „Фронт за Македонија“, кој ги повтори зборовите на министерот за финансии Зоран Ставрески, дека опозицијата го држи во заложништво народот.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски