Од поплавите во Пелагонија најоштетени пченката и пченицата

Од:

Неодамнешните поплави во Пелагонија најголема штета предизвикаа врз површините со пченка и пченица, но и на други земјоделски култури, оцени Општинската комисија за увид. Комисијата изврши преглед на 593 поединечни парцели кои ги пријавија 273 лица од 20 битолски села чии земјоделски површини беа во голем процент или во целост поплавени.

За отстранување на последиците од штетите во Битолско, Советот на општината побара 37.213.744 денари финансиска помош од Владата.

– Поднесени беа барања за проценка на 593 парцели, 228 со пченка, 194 со пченица, 35 со јачмен, три со тритикале, две со сончоглед, 102 со луцерка, 18 со сточен грашок, три со овоштарници и осум со градинарски култури, спанаќ, цвекло и салати или вкупно, изјави Димче Јошевски, претседател на експертската комисија.

Комисијата изврши процена и во куќи кои чуваат сено и слама.

– Карактеристично за сите баратели на помош е што ниту еден не го осигурал својот имот. Соработката со секое семејство беше на соодветни ниво и успеавме целиот процес да го завршиме во период од 18 дена. Комисијата доследно ја спроведуваше методологијата за процена на штети од елементарни и други непогоди и цени дека со успех ја заврши работата, нагласи Јошевски.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар