Од петок во Скопје забрана за движење на товарни моторни возила

Од:

Од 19. декември почнува времениот сообраќаен режем на забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31 март 2015 година, во текот на денот и тоа од 8:00 до 20:00.

Времениот режим, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Од градот апелираат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање на последното мерење во Скопје покажуваат високи концентрации на ПМ10 честичките во воздухот.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството