Oд ноември поевтино масло од канабис

Од:

Првите количини масло од канабис произведени во Македонија од наградувани специјалисти за екстракција на Холдингот NYSK, може да се очекуваат во ноември. Производите ќе бидат за извоз за што компанијата веќе води преговори со компании од околните и европските земји, но исто така ќе се понудат и на корисниците на домашниот пазар, дел ќе бидат и за спроведување на клинички испитувања во Македонија.

Од NYSK најавуваат дека корисниците ќе добијат квалитетни производи и истите ќе бидат поевтини од оние производи кои во моментов се наоѓаат на домашниот пазар. Фабриката тврди дека има доволен капацитет со своето производство да ги задоволи потребите на домашниот пазар.

„Нашата цел е да создадеме поквалитетна понуда за потребите на пазарот за што со нас носиме напредно знаење, значително искуство и експерти од оваа област од Колорадо и други делови од САД. Исто така, би сакале да ги поканиме членовите на администрацијата да ги посетат нашите објекти во САД“, изјавија од компанијата.

Маслото од канабис кое ќе се најде на домашниот пазар, според одговорните од NYSK, ќе има висока концентрација на психотропната супстанција ТХЦ (тетрахидроканабинола) која се наоѓа во канабисот и која има најголемо влијание во лечењето на некои тешки болести.

Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели во лечење на четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија. Токму затоа во старт во NYSK ќе се произведуваат четири вида масла при што соодносот на концентрацијата на ТХЦ и на ЦБД (канабидиол) ќе биде различна.

Во новата фабриката под контрола на вработените и под посебен режим веќе се одгледуваат растенијата и според проценките на експертите кои се грижат за целиот процес. Одгледувањето е организирано во неколку делови, според степенот на развој на растението, а целиот процес на одгледување, кој подразбира посебно ниво на влага, светлина и работа на системот капка по капка со кој се наводнуваат растенијата, е целосно автоматизиран.

Холдингот NYSK вложи 1,8 милион долари и изгради модерна фабрика на површина од 2000 квадратни метри во која е применета врвна технологија и иновативен пристап како во одгледувањето на канабисот, така и во преработка, екстракција на цветот од канабисот во масло.

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он