Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи.

Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово