А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од Македонија во Србија влегуваат се помал број на мигранти

by А1он28/03/2018 - 16:2961
Share0

„Од Македонија во Србија нема поголем прилив на мигранти, како што беше во претходниот период, бидејќи мигрантите се пребасочија кон двете нови мигрантски рути, преку Бугарија и Романија, како и преку Грција и Албанија“, изјави денеска претставникот на Управата за гранична полиција на Србија Миленко Вукадиновиќ. Според него, Србија нема голем прилив на мигранти, како што беше случајот пред две или три години, додека припадниците на МВР и армијата ги блокираат границите поради што се појавуваат само поединечни случаи на нелегална миграција.

Добивај вести на вибер

Вукадиновиќ на прес-конференцијата во Полициската управа во Врање, по завршување на заедничката полициска акција “Сава”, (20-27 март) во која покрај преставници на полициите од Србија, Македонија, Австрија, Албанија, Молдавија и ЕУРОПОЛ изјави дека главна цел на акцијата била откривање на илегални мигранти од граничниот премин Прешево до наплатната рампа Наис кај Ниш.

-За време на акцијата откриени се вкупно три илегални имигранти од Сирија, 427 грама хероин и 5.378 шверцувани цигари, додаде тој.

Шефот на Еуропол,Роберт Черпинко, рече дека целта е соработката со полициските сили на балканските земји и борбата против организираниот криминал и тероризмот и дека ова е третпат Европол да учествува во заедничка акција организирана од Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ.

-Полицијата добро ја врши својата работа, што може да се заклучи врз основа на фактот што шверцерите секој ден измислуваат нови начини на криумчарење мигранти, што сигурно нема да биде така доколку полицијата не ги спречува, рече Черпинко.

srbija

Би можело да ве интересира

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он05/02/2026 - 17:2505/02/2026 - 17:09

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:26

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:0601/02/2026 - 21:55

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:42

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Горан Наумовски29/01/2026 - 20:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен