Од куќа во кумановско Романовце украден пиштол

Од:

Од куќа во сопственост на лице кое што е на привремена работа во Швајцарија во кумановското село Романовце бил украден пиштол, јавуваат од МВР.

Во периодот од 5. март до 12. март, непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од гаражата и преку истата влегов во куќата, каде што пребарувал и одзел еден пиштол „Застава“ со калибар од 7,62мм.

Од полицијата известуваат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда