Од идните директори ќе биде побаран четиригодишен план за работа, порача Николовски

Од:

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција не сакаше да изнесе имиња за лицата кои ќе бидат назначени на директорските позиции во органите на управата и инстититуции, напоменуваќи дека моментално се во фаза на предлагање на заменици-министри во новата Влада, но напомена дека од идните директори ќе биде побара четиригодишен план со визија за тоа што ќе сработат во текот на мандатот.

Одговарајќи на новинарско прашање за поделбата на власта во третиот ешалон, но и за честите написи во медумите дека најголемиот дел од колачот тука го добива ДУИ со раководни позиции во УЈП, Царина, АЕК, МЕПСО, Николовски истакна дека не може да посочува имиња, ниту која партија каде е, но додаде дека како претседател на кадровската комисија за именување на Владата може да каже дека се анализираат мандатите, текот на работата и фактичката состојба за луѓето, кои моментално ја имаат одговорноста, но и дека ќе пристапат кон промена на начинот на одлучување.

– Дел од директорите кои дадоа силен импакт во рамки на секторите, институциите што ги водат заслужуваат да ја добијат поддршка, дел не, но тоа ќе оставиме да биде дел од процесот, кој како влада и комисија ќе го почнеме по направените анализи, заеднички да побараме луѓето да бидат вградени, вклучени со своите капацитети. Од секој директор ќе побараме план како ќе раководи, која е неговата визија во следниот четири годишен мандат, посочи Николовски.

Тој додаде дека треба да се има предвид и дека ќе има кратења на институции, но и спојување на повеќе институции во една.

Моментално, вели тој се во фаза на избор на заменици-министри и очекува тоа да заврши мошне скоро, но нагласува и дека за директорските позиции се водат коалициски разговори, со цел на чело на институциите да застанат најквалитетните и најкомпетентните.

– Сметаме дека многу млади, кои не се партиски определени и си ја сакаат своја земја, својата татковина, сакаат да се вградат, ние сме тој мотор кој ќе ги движи тие процеси. Тоа е побитно отколку дали нешто потпаднало под една, друга или трета партија. Време е за големо обединување, заеднички да одработиме за сопствената земја, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски