Од идниот викенд во Градскиот парк продавачи само со дозвола

Од:

Град Скопје најавува дека од следниот викенд воведува ред за локациите и површината на која ќе може да работат мобилните продавачи, по реакциите на посетители дека се узурпираат патеките во стариот дел на Градски парк со натрупување на подвижни приколки.

Јавниот повик за пријавување интерес за користење локации за поставување урбана опрема во Градски парк е завршен, а, како што наведуваат од Град Скопје, во текот на следната недела ќе бидат избрани мобилните продавачи.

Согласно условите во јавниот повик, заинтересираните продавачи аплицирале за поставување урбана опрема на 21 локација со еднаква максимална површина во двата дела во Градскиот парк.

Избраните мобилни продавачи ќе добијат дозвола за користење на обележана локација од 1 март, без можност да отстапуваат од утврдената површина на локацијата.

Секој продавач ќе треба да се грижи за чистотата на површината на добиената локација. Со одобренијата за локации ќе се реши хаосот со натрупување на повеќе продавачи на едно место во Градскиот парк, на сметка на слободниот простор за движење на посетителите, велат од Град Скопје.

Изгледот на подвижните објекти и апарати, се додава во соопштението, нема да го нарушува амбиентот на Градски парк и нема да има негативни еколошки влијанија врз околината (задолжително е користење агрегат за напојување со електрична енергија, со ниска бучавост, високо квалитетен со сертификат за ниска емисија на штетни гасови, а не индустриски агрегат).

-Најважно е што сопствениците се обврзани отпадот да го фрлаат во посебни корпи за отпад, а не во кантите што се поставени во паркот, со што ќе се подобри хигиената во паркот. Исто така, со одобренијата ќе биде регулирано работното време и дотурот на роба, а мобилните продавачи нема да можат да користат озвучување и слични системи за пуштање музика, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски