Од идниот месец потешко до возачка дозвола

Од:

Од следниот месец, идните возачи нема повеќе да можат тестот да го полагаат со учење на 20-те теста за Б категорија или 10-те теста за Ц и Д категорија кои кружат меѓу кандидатите за возачи, туку ќе го полагаат електронски.

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кандидатите ги учеле одговорите на памет, па поради тоа се случувале филмски сцени по улиците.

Во новиот електронски систем се внесени 842 прашања кои неколку месеци ги подготвувале експерти по сообраќај од министерството.

„Досега во системот, во првата фаза, се внесени 842 испитни прашања, на македонски и албански јазик, со графика и реални состојби со сообраќајни ситуации и површини (кружни крстосници, тунели, надвозници) а се планира внесување на уште два пати по 400 испитни прашања,по одобрување на истите. Предвидено е по случаен избор системот да генерира тест од различни испитни прашања. Значи, не само што квантитативно го зголемивме бројот на прашања и ситуации, туку практично ја сведовме на минимум можноста еден тест да се повтори, а со тоа станува бесполезно учењето на тестовите напамет. Наместо претходните 30 комбинации на тестови, со новиот систем добиваме над 80 милиони комбинации на тестови“ изјави Јанкулоска.

Кога кандидат ќе дојде на тестирање, испитната комисија ќе го евидентира, а членовите го активираат неговиот кориснички профил, со што системот генерира корисничко име и лозинка за пристап, единствено за секој кандидат, кои се печатат од страна на испитната комисија и се дава на кандидатот.

Тестот содржи 31 прашање, а од вкупно 120 поени за да се положи дозволени се максимум 12 негативни поени.

Тестот може да се најде на веб страницата на МВР, каде има симулатор тест кој создава тест и кој покажува колку поени сте освоиле и кај сте згрешиле.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници