Од идната недела пензионерите повторно на банско-климатска рекреација

Од:

Од следниот викенд група пензионери ќе заминат на банско-климатска рекреација. Досега за оваа поволност што ја дава Владата аплицирале околу 30 илјади пензионери.

– Процесот на апликација заврши. Ќе се направи селекција по што првата група ќе започне да ги посетува бањите од 17 март.

– Очекувам и оваа година без проблеми да се реализира овој проект бидејќи има доволно средства за негова реализација, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Се поместува возраста за пензионирање во Србија

Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери

Директорки на домови за стари лица физички и психички малтретираа беспомошни лица, а не им даваа ниту лекови

Горан Наумовски