Со зурли и тапани: Габриел Бајрам од притвор на свадба кај син му

Од:

Габриел Бајрам отиде да го жени синот во познат скопски хотел, иако му е одредена мерка притвор поради опасност од бегство. Тој е осуден на три месеци затвор, а истиот судија кој му ја одредил мерката, дозволил времено да не седи во притвор и да отиде да слави. Од Кривичен суд за „А1он“ велат дека сега, откако прославил, Бајрам е одново во притвор.

„Не се работи за укинување на мерката куќен притвор до правосилност на пресудата против обвинетиот Габриел Бајрам од Скопје, туку на истиот од судечкиот судија му е одобрено барањето за времено оддалечување од неговиот дом каде што ја издржува мерката, заради присуство на свадба на неговиот син“, велат од Кривичен суд за „А1он“.

Фотографии од свадбата поради која Габриел бил пуштен привремено од куќен притвор, проциркулираа на социјалните мрежи. На неа е во друштво на скопски бизнисмени. Тој го женеше неговиот син Валентин Бајрам, со кого заедно го истепале шанкерот бидејќи не им дал да кршат чинии во скопски локал.

“Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот”, посочи Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Габриел Бајрам осуден на три месеци затвор за тепањето келнер и фрлањето тањири

Кристијан Ландов

Габриел Бајрам ќе остане во затворот во Шутка до септември, судот тврди дека ќе избега ако го пуштат на слобода

Кристијан Ландов

Габриел Бајрам, синот на Амди, оди во притвор во затворот во Шутка

Кристијан Ландов