Габриел Бајрам ќе остане во затворот во Шутка до септември, судот тврди дека ќе избега ако го пуштат на слобода

Од:

Додека Габриел Бајрам се жали на осум дневниот притвор, Кривичен суд одлучи дека осомничениот за насилство треба да остане уште 30 дена во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шуто Оризари. Судијата смета дека постои реална опасност Бајрам да се даде во бегство, а според сонзанија на „А1он“, особена грижа се водела и за тоа дека тој има условни казни кои сега може да значат и затвор доколку се потврди дека сторил насилство.

dobivaj vesti na viber

Бајрам, не еднаш, туку повеќе пати е осудуван за ваков вид кривични дела. Дополнителна причина за продолжување на притворот и покрај жалбата е фактот што судот се сомнева дека Бајрам може да го повтори делото.

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапа и му е одреден притвор откако пред неколку дена повредил шанкер и кршел инвентар во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје. Се гони и неговиот син.

“Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот”, посочи Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Габриел Бајрам, синот на Амди, оди во притвор во затворот во Шутка

Кристијан Ландов