Од дијабетес во Македонија годишно умираат 20.000 луѓе

Од:

Според светските статитистички податоци изготвени според број на жители, 20.000 луѓе годишно во Македонија умираат од компликации кои ги предизвикува дијабетесот.

Ова денеска го истакна директорот на Специјалната болница „Филип Втори“, Жан Митрев, кој рече дека според нивните податоци за пациенти, има континуиран пораст на бројот на заболени од дијабетес, кои бараат и многу комплексни и тешки операции.

– Во нашата генерална популација на пациенти кои ги имаме околу 70 отсто се дијабетичари. Дијабетесот е епидемија на светско ниво и е контролирана болест која може многу добро да се регулира и пациентите да доживеат и длабока старост, а ако не се регулира последиците се катастрофални, посочи Митрев.

Според него, многу е важен начинот на исхрана, бидејќи се повеќе се соочуваме со индустријализиана храна, фабричка храна која е многу оптоварена со јаглехидрати. Со наследна наклонетост и неправилна исхрана, појасни, многу побрзо доаѓа до дијабетес.

Тој го потенцираше недобро регулиран дијабетес, кој според него, е границата кога пациентот треба да прими инсулин, но не е високо неговото ниво на гликемија во крвта, а докторите препорачуваат терапија која не е инсулинска.

– Тоа е најголемата грешка можеби која се прави. Не треба да се избегнува инсулинот, а пациентот треба добро да се дијагностицира. Треба да се утврди точно на кој пациент колку инсулин му треба и ако има недостиг од инсулин во телото веднаш да се почне со таа терапија. Тоа е главното нешто што треба да го сфатат пациентите, а од друга страна и оној дел на доедукација и едукација на медицинскиот персонал за пациентите да не го губат тоа драгоценото време од пет, десет години, кога се случуваат и најтешките последици, рече Митрев.

Потенцира дека дијабетесот го руинира организмот и има компликации во целото тело, почнувајќи од губење вид, бубрежна функција, имунитет, склоност кон разни инфекции, а она што е главното од што главно се умира се кардиоваскуларните болести.

– Треба да се има посериозен пристап во превенцијата од болеста. Секој втор е болен од дијабетес во некоја форма. Кога тие инвестиции кои државата ќе ги направи, ќе се вратат многу брзо. Сите проблеми и трошоци кои не чинат сите нас и целото општество се огромни бидејќи патологијата и болестите кои се јавуваат се на повеќе страни, од дијализи, мозочни удари, кардиоваскуларни болести, рече Митрев.

Нагласи дека по повод одбележување на 17 години постоење на Специјалната болница „Филип Втори“ и една година работа во новите простории, денеска се одржува работниот едукативен состанок на тема „Дијабет и кардиоваскуларни заболувања“ на кој ќе присуствуваат предавачи од САД, меѓу кои Питер Батлер.

– Во новата болница „Филип Втори“ се извршени над 3.500 операции, над 40.000 прегледи и разни други интервенции. Имаме 100 отсто зголемување на приватни пациенти од странство, додаде Митрев.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство