Од денеска жичницата на Водно ќе работи еден час подолго

Од:

Жичницата „Милениумски крст“ од денеска ќе работи еден час подолго од досега, односно ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред.

Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17:30 часот, односно во 17:45 часот од горе надоле.

Жичницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.

Жичницата, со која стопанисува ЈСП Скопје, со успех ја завршила 2018 година, дека е утврден зголемен број на продадени билети и приход во споредба со 2017 година.

Вкупно биле продадени 166.791 билети, при што е остварен приход од 13.488.230 денари, додека во 2017 година се продале 160.699 билети, а бил остварен приход од 13.287.100 денари.

Во изминатава година најголем пораст е забележан кај продажбата на групните билети за возрасни, биле продадени 7.420 билети, што е за 1.168 билети повеќе во споредба со 2017 година. Забележан е пораст и на продажбата на билети за враќање и месечни билети.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан