Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата

Од:

Од денеска почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

Возачите кои нема да ја почитуваат оваа обрска, ќе бидат казнети со 45 евра во денарска противвредност или со 25 негативни бодови.

Под зимска опрема на моторни возила со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег.

Моторните возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 6 мм. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од најмалку 4 мм, ако во возилото има синџири за снег. – Во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, информираат од МВР.

За возилата кои се потешки од 3.500 кг. како зимска опрема се сметаат зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 мм, доколку во возилото има синџири за снег. Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег, треба да имаат зимски пневматици и припарен алат, односно лопата.

Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска