Од денеска снима „Безбеден град“, до 1 јануари само опомени

Од:

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот месец.

Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни.

Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза ќе се прошири видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

Како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, проектот „Безбеден град“ ќе започне со примена на 1 јануари 2026 година, а граѓаните ќе имаат еден месец пробен период за информирање пред официјалниот старт.

За примена на системот во изминатиот период се работеше на пакет законски измени.

Системот ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони.

– Проектот има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да воспостави поефикасен систем на превенција и санкционирање преку дигитална комуникација со граѓаните изјави Тошковски.

Би можело да ве интересира

Следната недела почнува со работа мобилната апликација за проверка на сообраќајни прекршоци, најави Тошковски

(ВИДЕО) Тошковски во Дубаи ја прими наградата Excellence in Road Safety за „Безбеден град“

Горан Наумовски

„Безбеден град“ ќе ја мери брзината и од полициски возила во движење

Катерина Ѓуровски

Почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on