Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија

Од:

Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени.

Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до 11 kW со автоматски менувач) ќе ја спроведуваат овластени автошколи и ќе трае четири часа.

Обуката ќе опфати теми од значење за безбедноста во сообраќајот, како што се користење на заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.

Кандидатите, како што наведуваат од МВР, треба да достават лекарско уверение, како и потврда дека немаат забрана за управување со моторно возило од категорија „Б“.

– Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија, тоа автоматски повлекува и забрана за управување со мотоцикл со оваа потврда – соопштуваат од Министерството.

Правото за следење на обуката се однесува на лица кои имаат најмалку 23 години и поседуваат најмалку пет години важечка возачка дозвола од категоријата „Б“.

Од МВР потенцираат дека управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри не е дозволено без претходно завршена теоретска обука и издадена потврда од овластена автошкола.

Би можело да ве интересира

Тошковски најави построги правила за електричните тротинети и моторџиите: Ќе останат и без мотори и без можност да „глумат“ моторџии

Горан Наумовски

Тежок пад на Марк Маркез во МотоГП, публиката во шок по страшниот инцидент во Ле Ман

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

Момче загина во сообраќајка на регионалниот пат Охрид – Свети Наум

Горан Наумовски

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Сопатничка паднала од мотоцикл, со тешки повреди завршила во болница

Горан Наумовски