Од денеска грчката граница се затвора од 22 до 06 часот за патници, автомобили и товарни возила

Од:

За влез во Република Грција на граничниот премин „Богородица“, почнувајќи од денеска, во периодот од 22.00 до 06.00 часот, по македонско време, воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, информираат од граничните служби.

За излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила.

Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски