Oд ЈСП информираат дека од денеска (24. 10. 2018 година) до недела (28. 10. 2018 година) во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.
„Станува збор за линиите ‘100’ и ‘200’, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат по барање на ‘Скопски саем’ за полесен пристап на посетителите на саемите ‘Технома’, меѓународниот Саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции ‘Реалекспо’. Возениот ред на автобусот со број 100 е следниот: односно од Ново Лисиче автобусот ќе тргнува во 11 часот, 12.20 часот, 13.40 часот, 15 часот, 16.20 часот, 17.40 часот, а од СЦ ‘Борис Трајковски’ ќе тргнува во 11.40 часот, 13 часот, 14.20 часот, 15.40 часот, 17 часот и 18.20 часот. Возниот ред на автобусот со број 200 (Дексион-СЦ ‘Борис Трајковски’), пак, е следнава: од Дексион автобус ќе има во 11.20 часот, 12.40 часот, 14 часот, 15.20 часот, 16.40 часот и 18 часот, а од СЦ ‘Борис Трајковски’ автобусот со број 200 ќе тргнува во 12 часот, 13.20 часот, 14.40 часот, 16 часот, 17.20 часот, 18.40 часот“, стои во соопштението на ЈСП.
Оттаму исто така информираат и за трасата на движење на двете приверемени линии, или авобусот со број 100 ќе сообраќа по улицата Февруарски поход, булеварот В. С. – Бато, булеварот Јане Сандански, булеварот К. Ј. – Питу, булеварот Кочо Рацин, улицата 11 Октомври, улицата Димитрие Чуповски, булеварот Св. Климент Охридски, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. А трасата на движење на автобусот со број 200 ќе се одвива по улицата Црногорска, улицата Кузман Шапкарев, улицата Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.