Од денеска до 30 јуни пријавување на штетите од невремето

Од:

Земјоделците од денеска до 30 јуни можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град од 14 јуни 2017 година во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион, соопшти Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство.

Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството. Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за проценката на штетите формираше седум комисии од подрачните единица каде е настаната штетата кои веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства.

Од теренскиот увид, комисиите ќе изготват записници кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.

Исплатата ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета, соопшти МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје