Од четврток нагло заладување и обилен дожд, а на планините снег

Од:

Под влијание на влажен и постуден бран, од утре попладне до петок, нашата земја ќе биде зафатена од обилни врнежи од дожд и значителен пад на температурите.

На повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и над 50 литри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток, поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.

Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд