А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од април дирекна авионска линија Скопје-Женева

by А1он24/12/2014 - 13:20174
Share0

Од април следната година ќе се воспостави директна авионска линија Скопје-Женева, која ќе ја оперира авиокомпанијата Swiss Airlines.

Добивај вести на вибер

Според летниот распоред на скопскиот аеродром, првиот лет од Скопје до Женева е планиран за четврти април 2015 година. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа авиолинија од „Александар Велики“ секоја сабота од 18 часот и 20 минути. Во текот на летната сезона, SWISS ќе ја опслужува оваа релација двапати неделно, во вторник и во сабота. Aвионските билети ќе можат да се резервираат од средината на јануари следната година.

– Ја поздравуваме одлуката на Swiss Airlines од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите патници, нашите иселеници во Швајцарија, како и за бизнис-заедницата во двете држави. Со ова се зголемува и туристичката размена, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Од Директорот на Swiss Airlines за Австрија и Централна и Источна Европа Бернард Водл изрази задоволство за можноста позитивно да одговорат на растечката потреба за патувања меѓу Македонија и Швајцарија и да лансираат нова услуга на скопскиот аеродром.

Ова е трета дестинација во Швајцарија со која Скопје, односно скопскиот аеродром има директна воздушна врска. Директни линии веќе се воспоставени со Базел и Цирих.

„ТАВ Македонија“ за следната година планира воведување уште нови дестинации, зголемување на фреквенцијата на постоечките рути, како и подобрување на вкупните услуги кои се нудат на двата аеродроми.

aerodromavioni

Би можело да ве интересира

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:29

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он17/11/2025 - 19:49

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен