Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 ќе одат на дополнително испитување на Пулмологија

Од:

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите поминале без знаци за натамошен третман, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.

Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни.

Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење да се пријават уште вечерва за скрининг.

-Скринингот продолжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме, истакна Алиу.

Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски

Алиу: За првпат лекови за одвикнување од пушење на есенцијалната листа

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

А1он