Од 1 ноември почнува поставувањето урбана опрема во зимски услови

Од:

Град Скопје денеска информира дека од 1 ноември годинава почнува зимската сезона за вршење дејност надвор од деловен простор и поставување урбана опрема.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор и за поставување урбана опрема за зимската сезона 2018 – 2019 своите барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври.

Барањето можат да се најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје – барака 16. Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: 3297-209, 3297-247.

– Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2017-2018 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот – имотен лист за деловниот простор и дворното место и катастарски план за парцелата, соопшти Град Скопје.

По доставените документи за исполнетите обврски кон Градот и општините, Град Скопје се обврзува во рок од пет работни дена да издаде одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор и за поставување урбана опрема.

Зимската сезона за вршење дејност надвор од деловен простор и поставување урбана опрема завршува на 30 март 2019 година.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот