А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од 1. јуни уверенија и потврди во Кривичниот суд на еден шалтер

by А1он27/05/2016 - 12:003339
Share0

Основниот суд Скопје 1 – Скопје информира дека од 1 јуни годинава сите уверенија и потврди од казнена и кривична евиденција ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Судот на бул. „Гоце Делчев“ б.б.

Добивај вести на вибер

– Имено уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција кои досега се поднесуваа и се издаваа во Одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој се наоѓа во бараките во Градскиот парк, од сега ќе се поднесуваат на шалтер број 14, а ќе се издаваат на шалтер бр. 15 кои се наоѓаат на влезот од судската зграда, каде воедно се поднесуваат и издаваат уверенија од казнена и кривична евиденција, соопштуваат од скопскиот Кривичен суд.

Промените, како што посочуваат, се воведуваат по барање на граѓаните кои за сопствени потреби најчесто поднесуваат барања за издавање потврди – уверенија и од казнена/кривична и од прекршочна евиденција што досега се вршеше на две различни места што претставуваше дополнителен товар за странките.

Од Судот ги информираат сите компании, институции и останатите субјекти кои за конкретни потреби бараат од граѓаните да им достават било каква потврда – уверение, кое се издава од Кривичниот суд во Скопје да прецизираат каква потврда – уверение бараат, бидејќи таканареченото уверение за неосудуваност подолго време наназат не се издава, а наместо тоа се издаваат уверенија – потврди од кривична или уверенија од казнена евиденција.

sudstvo

Би можело да ве интересира

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Горан Наумовски19/11/2025 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 19:19

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 17:39

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен