Од 1. јануари електронската картичка задолжитена во јавниот превоз

Од:

Од 1 јануари 2017 година корисниците на јавниот превоз треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници.

– Електронската картичка може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, на дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП Скопје и приватните превозници, информира Град Скопје.

Со влегувањето во сила на интегрираниот тарифен систем, Град Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.

– Доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет електронски паричник, соопшти Град Скопје.

За единствено возење ќе се користат електронските картички, кои ќе служат како еден вид електронскиот паричник за купување билет во автобусите на ЈСП Скопје. За таа цел патниците претходно ќе мораат да надополнат средства во овластените продажни места. Минимална сума за надполнување е 100, а максималната 6.000 денари, без рок на искористување.

Граѓаните преку својот мобилен телефон ќе можат да купат билет за едно возење за сите линии и ноќен билет за едно возење, исто така за сите линии.

Од 1 јануари 2016 година почна користењето на електронските картички во ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели