Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело убиство, а против него поведена е и постапка за загрозување на сигурноста.

На 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при семејно насилство, тој со умисла се обиде да ја убие својата сопруга, велат од Обвинителството.

Според истражителите, сега осомничениот извади пиштол што го поседува со дозвола, го репетира и испукува еден куршум, кој поминува покрај оштетената, се одбива од паркетот и завршува во прозорецот.

– Потоа осомничениот се симна на долниот кат и на двете ќерки им кажа дека пукал во мајка им. Тие заедно со оштетената си заминале од домот. На 5 март осомничениот повторно пред двете деца се заканувал со пиштолот на сопругата, со намера да ги вознемири и да ги заплаши. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и опасност да го доврши убиството кое се обидел да го стори, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Му го исече вратот на сопругот, па сама се пријави во полиција – мажот преживеа

А1он

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски