Обвинителството се сомнева како настанала смртта на докторката Јелка Спасовска Масин, се прибира дополнителна документација

Од:

По пет месеци, Основното јавно обвинителство сè уште го нема утврдено начинот на настанување на смртта на докторката Јелка Спасовска Масин. Од таму, извори за „Макфакс“ брифираат дека сè уште не е комплетирана документацијата што е клучна за утврдување на причините за смртта на докторката. „Макфакс“ дознава дека Обвинителството побарало дообјаснување на наодот од обдукцијата бидејќи постои сомнение дека докторката била убиена во нејзиниот дом.

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ја очекува комплетната документација од Министерството за внатрешни работи која е клучна за расветлување на случајот и за утврдување на причините за смртта. Во рамките на истрагата, покрај побараната обдукција и вештачењата на пронајдените траги на местото на настанот, надлежниот јавен обвинител нареди и обезбедување евентуални снимки од видеонадзорот на околните објекти во близина на зградата каде што беше пронајдено телото на 53-годишната лекарка“, велат од Основото јавно обвинителство за „Макфакс“.

Извештајот од Судска медицина бил завршен неколку дена откако го добиле случајот. Пред четири дена надлежниот обвинител побарал дообјаснување на наодот кој ќе биде доставен до крајот на оваа недела.

„Веднаш штом го добивме случајот, го обработивме со сите анализи и ги испративме до Обвинителството. Од таму добивме писмо за доојаснување на некои работи. Моментално работиме на тоа, а кога ќе го завршиме, ќе го испратиме“, велат од Судска медицина.

Министерството за внатрешни работи случајот за смртта на Спасовска-Масин го води како смрт под неразјаснети околности, но, сепак, неофицијално се дознава дека имаат намера да го затворат како решен случај – самоубиство. Според информации на „Макфакс“, МВР никого досега нема ставено на испитување на полиграф.

„На местото на настанот е извршен целосен увид од СВР Скопје, телото на починатата е предадено за обдукција, а други предмети и траги пронајдени на местото на настанот се предадени за анализа и вештачење. СВР Скопје имаше службени разговори со повеќе лица, а преземени се и други мерки и активности врз основа на наредби од ОЈО во Скопје“, велат од МВР.

Според она што го истражуваше Макфакс, полицијата нема повикано на разговор луѓе кои биле дел од опкружувањето на докторката, како и нејзините блиски. Педесет и тригодишната лекарка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со убодни рани од нож во својот дом на улицата Елисие Поповски Марко, спроти Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата е сè уште отворена.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ