Обвинителството постигна спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“

Од:

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со еден судија и еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“.

– Спогодбата денеска е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното, со Пресуда, на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело, соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје.

Обвинителството, претходно на 22. април постигна спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, поранешни судии, сега во пензија.

Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај