Обвинителството отвори предмет за интонирањето на албанската химна

Од:

Јавното обвинителство отвори предмет за кривично дело „предизвикување на национална, расна и верска омраза“ за  интонирањето на албанската химна на првиот академски час на Државниот универзитет во Тетово.

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски за МИА изјави  дека ќе се побара од полицијата да утврди кој е организатор за да може потоа да одлучат дали ќе поведат официјална кривична постапка.

„Во врска со информациите коишто преку медиумите беа пласирани дека е интонирана химна на странска држава во ДУТ, Јавното обвинителство по службена должност формира РО предмет за кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и  нетрпеливост со член 319. Преку тој РО предмет ќе побараме од полиција да се утврди кој е организаторот за да можеме по разгледување на предметот да одлучиме дали ќе поведеме и официјална кривична постапка“, изјави  обвинителот Шврговски.

Новата академска година на Државниот универзитет во Тетово на 17 септември почна со интонирање на албанската химна. На настанот присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири, кој изјави дека настанот не треба да се проблематизира бидејќи станува збор за химна на албанското знаме, а не химна на друга држава.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска