Обвинителството ќе бара продолжување на притворот за Чавков и другите обвинети за крававиот четврток

Од:

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на 30-дневниот притвор на ексминистерот Митко Чавков, кој му истекува за три дена. Ова се однесува и за другите обвинети за настаните од крвавиот четврток, меѓу кои и за ексначалникот во МВР, Душко Лазаров, потоа за Оливер Поповски, началникот на Секторот за превентива, Оливер Радулов, поранешниот обезбедувач на директорот на УБК, Јане Ченто, претседател на македонското патриотско здружение „Пере Тошев”… Доколку судот им го прифати барањето, обвинетите ќе ги дочекаат претстојните празници во затворот во Шуто Оризари.

Адвокатот на Чавков, Петар Василев, за „Макфакс“ одговори дека нема информации дали Обвинителството и натаму ќе инсистира на најстрогата мерка за обезбедување присуство на неговиот клиент Митко Чаков. Обвинение сè уште нема, но истрагата за крвавиот четврток напредува, велат извори за „Макфакс“.

Обвинетите кои добија притвор и оние кои добија куќен притвор се жалеа на одлуките, но кривичниот совет, а потоа и Апелациониот суд ги потврди одлуките.

В. М.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски