Обвинителството ја привршува истрагата за Пројковски и злоупотребите во МНТ и долгот од 150.000 евра

Од:

Случајот поврзан со сомнежите за злоупотреби во Македонскиот народен театар од страна на поранешниот директор Дејан Пројковски, што веќе една година е под истрага на Основното јавно обвинителство е веќе во завршна фаза на собирање на искази и разгледување на доказите, дознава „А1.он“. За време на истрагата се консултирани искази од повеќе лица а надлежниот јавен обвинител наскоро ќе треба да донесе одлука дали ќе оформи обвинение. Големите долгови кои ги остави Пројковски по заминувањето од раководната позиција кои ги наследи директорката Симона Угриновска безмалку ќе ја блокираа сметката на МНТ. Злопотребите на службената должност за Пројковски се однесуваат за периодот од 2015 до 2017 година а според анализите на инспекторите од МВР кои случајот го донесоа пред обвинителство, имаше елементи на кривичното дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно – приватно партнерство“.

По влегувањето на полицијата минатата година во август инпекторите констатираа дека уметничкиот директор само за 2016 година склучил договори за сомнителни јавни набавки со вкупна вредност од 25.165.250.000 денари, или приближно 409.191.000 евра.

Според документацијата која ја добија инспекторите само за обезбедувањето за МНТ на годишно ниво, Пројковски платил 1.845.000 денари или околу 30.000 евра а за две години потрошил 60.000 евра, а за реализација на овие договори не бил поставен надзор за извршување на договорните обврски.

Инспекторите ги заинтересираа и договорите за одржување на хигиената кои според нив се незаконски склучувани, но и продолжувани без анекс. Освен што биле исплатени 40.000 евра за една година, на истата фирма по истекот на договорот и биле исплатени дополнителни 14.000 евра, без да постои било каков документ.

Договорот го склучил директорот Дејан Пројковски, а фактурите за периодот надвор од предметниот договор се доставувани и потпишувани од страна на в.д директор Драган Спасов – Дац.

Во наведената постапка околу реализација на договорот воопшто не е поставен надзорен орган, а од исказите на дел од вработените службени лица обемот на реализација на договорот за јавна набавка не е вршен согласно спецификацијата приложена во тендерската документација.

Во 2016 година директорот Дејан Пројковски со измена и дополнување на Статутот на МНТ создал дополнителна дејност подготовка и послужување на пијалоци. Отворил и подружница –БИФЕ МНТ кое обавувало трговска дејност, а како овластено лице се поставил самиот, односно е назначен Дејан Пројковски.

Во март минатата годинава извршен е попис на производите во БИФЕ МНТ Скопје и констатирани се состојби на неодговорно работење со производите, односно со изминат рок, недостаток на испорачани производи, производи кои ги нема на листата на набавки, поради што по вештачењето ќе биде иницирана постапка за утврдување на одговорност за незаконското и несовесно работење со подружницата.

За услугите за превоз на лица и опрема на годишно ниво Пројковски исплатил околу 50.000 евра, а двојно помалку се одлеале на услугите за хотелско сместување за кои на годишно ниво се трошени средства во висина од околу 1.500.000 денари или околу 25.000 евра.

Резервацијата на авио – билети годишно МНТ ја чинело прескапи 50.000 евра.

И овде има сомнеж за злоупотреби на постапките за јавни набавки и тоа во делот на услугите за превоз на лица и опрема каде се утврдени енормно високи цени за превоз на лица и опрема во и надвор од државата кои се далеку повисоки од вообичаените цени на пазарот, додека во делот на услугите за резервација на авио-билети е злоупотребена можноста преку годишниот план за јавни набавки да се фаворизира одредена агенција. Утврдено е дека се трошени средства за авио-билети по цени далеку повисоки од вообичаените цени на пазарот.

Има сомневање дека е вршено и ненаменско трошење на средства за јавна набавка на услуги за одржување на системи (сценски системи, сценско осветлување, БМС Систем и автоматика и сл.) , за чија реализација МНТ Скопје располага со соодветен стручен кадар. Само по овој основ има сомневања дека се ненаменски трошени по околу 32.000 евра на годишно ниво.

Ова се само дел од сомнителните ставки за јавните набавки што ги потпишувал Пројковски.

Предмет на детална анализа се договорите склучувани со надворешни фирми и физички лица од кои театарската куќа речиси и немала потреба, бидејќи стручен кадар и лица за истата работа има на редовниот платен список на МНТ. Од тука е интересот да се испита кој и зошто се плаќал, и каде завршувале тие пари.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски