Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот

Од:

Откриени над 9.000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или литар, кои немаат маркица за акцизи, во правно лице во Кавадарци, а управителот е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.

Алкохолот е пронајден при вчерашната акција на Основното јавно обвинителство Кавадарциво координација со Министерството за внатрешни работи.

– Акцијата продолжува и во винарската визба „Поварадарие“, каде според првичните информации пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија, без етикети со бандероли, со назнаки за продажба преку фирмата „Вино Жупа“ од Република Србија, која е сопственик на „Повардарие“ од Неготино, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издал насоки и наредби за прибирање податоци и потребна документација во предметот. Се преземаат и други дејствија со цел утврдување на фактите.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски