Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт за сите обвинети во предметот „Претсдевач“, којшто првенствено се врзуваше со името на Мирослав Шиповиќ, поранешен претседател на Советот на Општина Центар.
Судечкиот совет, во кој се судијките Џенета Бектовиќ и Сандра Крстиќ, само го констатираа она што беше соопштено од Обвинителот.
Обвинението за овој случај беше подигнато во 2013 година, а обвинетите се товареа дека со неплатен данок ја оштетиле државата за 17 милиони денари, а дека „Машинопромет“ бил оштетен за 64.281.043 денари.