Обвинителството бара притвор за убиецот кој ги застрела сестра му и внукот

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за 67-годишниот жител од село Габреш, кој вчера по расправија ги уби сестрата и внукот. Вториот внук со прострелни рани е пренесен на една од скопските клиники.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство.

-Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот, соопштија од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен