Обвинителството бара одземање на пасошот на сопругот на Шекеринска

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка по поднесена кривична пријава против Божидар Јанковски, сопруг на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Еве што стои во соопштението на Јавното обвинителство:

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, како и по утврдување на постоење на основано сомнение дека е сторено кривичното дело, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесен е и Предлог за определување на Мерки на претпазливост и тоа: привремено одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање и обврска за повремено јавување во суд.

Лицето се сомничи дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, како службено лице вршел закуп на станови на кој се јавува како приватен сопственик. При тоа, по вршење на закупот, просториите не биле користени од страна на друштвото што го управувал.

12483742_567617866743306_1874362851_n

За наводите во сега поднесената кривична пријава, надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје во текот на 2014 година прими Иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција. Во тој временски период , а по наводите на Иницијативата, обвинителството не најде доволно докази за поведување постапка, по што беше донесена Резолуција со која постапката беше запрена. Потенцираме дека донесување на резолуција не претставува ограничување, односно елиминирање на натамошно водење кривична постапка доколку се откријат нови моменти, односно докази во предметот.

Во временскиот период од 2014 година до сега, од страна на повеќе институции пристигнати се поголем број други известувања, податоци и писмена документација. Со поднесената кривична пријава доставени се и нови докази што го подигаат степенот на основаноста на сомнението дека кривичното дело е сторено, согласно што обвинителството и постапува.

Би можело да ве интересира

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Обвинителството бара осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани