Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетите во „Дива населба“

Од:

Обвинителството на денешното судско рочиште во завршните зборови за случајот „Дива населба“ побара доживотен затвот за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, додека одбраната побара увид и најави дека нејзините завршни зборови ќе ги каже на следното рочиште, закажано за 28 јули.

Обвинителството на рочиштето објаснуваше кој бил напаѓач, кој бил логистика и помагал групата илегално да премине од Косово во Македонија, кој го обезбедил оружјето, а кој храна.

Дел од лицата обвинети во случајот, коментираа дека тоа што го зборува обвинителот е невистина. Тие и нивните адвокати, побараа увид во завршните зборови, за на наредното рочиште да ги изнесат нивните.

Судењето за „Дива населба“ започна на 9 февруари лани, откако заврши неколкумесечната истрага. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски