Обвинителството бара да го остават на мира

Од:

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на како што велат оттаму притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и случајот „Пуч“, како и повиците за лична и колективна одговорност.

„Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители како одговорни за гонење на сторителите на кривичните дела, ја информираме јавноста дека ниту Јавното обвинителство како институција, ниту било кој јавен обвинител нема да дозволат да бидат вклучени во интригите, ниту преку нив да се пресметуваат меѓусебно лицата инволвирани во случувањата, без разлика на причините и мотивите заради кои тоа се прави“, стои во соопштението.

Од Jавното обинителство наведуваат дека истражната постапка по предметите бара преземање дејствија, внимание и посветеност и време.

„Надлежните обвинители во основните јавни обвинителства кои работат на предметите неможат да излезат со став или изјава пред конечно утврдување на сите фактички и правни прашања поврзани со дадените настани“, велат од Јавното обвинителство.

За објавените снимки, за кои „се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, надлежните обвинителства издадоа наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки и се соберат известувања дали се работи за делови од истражни мерки или се други материјали, за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите“, стои во соопштението и се додава дека: „До надлежните институции дадена е наредба да се отстранат снимките и да се спречат нивните натамошни објавувања. Исто така, се преземаат и активни дејствија за материјалите кои се однесуваат на наводно прислушкувани разговори, а кои се објавуваат од страна на СДСМ“

Според Jавното обвинителство, несериозно е надлежните обвинителства да даваат нецелосно проверени информации, и на тој начин да ги подржат шпекулациите и како што велат оттаму „да заземаат страна“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај