Обвинителство: Ќе постапуваме во сите случаи на сторено кривично дело

Од:

„Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства. Надлежните јавни обвинители во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Република Македонија.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски