Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево – Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.

Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден