Обвинителство: Измамниците со лажни документи во Македонија внесувале крадени автомобили

Од:

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, соопшти ОЈО.

„Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале автомобили во земјава кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола. Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници. Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата. Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Николовски: Спречен организиран криминал со употребувани возила, запленети 35 автомобили

Поднесено е обвинение против бандата која криумчареше луксузни автомобили, за еден осомничен мерки на претпазливост

Горан Наумовски

На патарините во државава лани е регистрирана фреквенција на 62.662.988 возила

Претреси на повеќе локации, се апси банда која крадела шверцувала автомобили

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

A1on

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

A1on