Обвинителство: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари

Од:

Јавното обвинителство информира дека изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до нив во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче.

-Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, стои во соопштението од Обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека Комисијата останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а граѓаните кои имаат сомнежи за евентуални кривични дела поврзани со изборите можат да поднесат пријава во најблиското јавно обвинителство или преку електронската адреса: [email protected].

Би можело да ве интересира

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249